🎥 Босанското „чудо од дете“ во дресот на Еурофарм Пелистер со деби шампионски гол!

Босанскиот интернационалец Алем Хаџиќ, третпат се најде во ростерот на Еурофарм Пелистер на натпреварите од Лигата на шампионите, а против Веспрем успеа да го запише првиот гол во елитната конкуренција. 17-годишниот лев и среден бек, на кој му предвидуваат блескава иднина, со соло продор успеа да го матира Коралес и да го погоди во мрежата на Веспрем. Погледнете...