🎥 „Бомбата“ на Кузмановски во ТОП 10 голови на сезоната во ЛШ!

Филип Кузмановски уште еднаш ја потврди својата врвна класа и лидерски дух како капитен на шампионот Еурофарм Пелистер. Најзаслужен за освојувањето на домашниот шампионат, Кузмановски имаше и забележителни настапи во Лигата на шампионите. Токму неговиот „проектил“ од десет метри против Динамо Букурешт беше вклучен во ТОП 10 голови за целата сезона 2024/25, признание кое пристигна од медиа-тимот на ЛШ. Погледнете ги најдобрите погодоци во елитната конкуренција...