🎥 Атракција во Прилеп – Шабановиќ и Бикоски му „продадоа“ цепелин на дебитантот
Ракометарите на Прилеп во натпревар од 12. коло од Супер лигата славеа на свој терен против дебитантот од Автокоманда со 34:31. Одличен натпревар во дресот на Прилеп имаа десното крило Денис Шабановиќ и левото крило Христи Бикоски, кои постигнаа вкупно десет погодоци. Токму двајцата споменати ракометари му „продадоа“ атрактивен цепелин на дебитантот. Во претходно договорената акција, црногорскиот интернационалец Шабановиќ ми асистираше на заменик капитенот Бикоски, кој реализираше цепелин во голот на гостите.