Џомба перфектен – знае и од мртов агол (ВИДЕО)

Македонија славеше кај Швајцарија на гостински терен со 25-23 и се најде на чекор до пласман на континеталниот собир во 2022 година. Гоце Георгиевски беше еден од најдобрите актери на теренот и погоди четири пати од четири обиди. Последниот беше на пет минути до крајот, кога Македонија се одлепи на плус два, а популарниот Џомба погоди од многу тежок агол.