Најефикасниот ракометар во редовите на Еурофарм Работник, Ловро Јотиќ на средбата против Мешков Брест имаше осум погодоци, а после овој дуел имаше критички коментари за прикажаното на теренот.
Тој одработе добра средба, но како тим не успеаја да бидат на потребното ниво и да можат да дојдат до нешто повеќе.
„Мешков дојде со комбиниран состав, но е беше во целост со втор тим. Дел од тие играчи настапуваат и за првиот тим и тоа е квалитетен состав. Ние од првата минута игравме како да не играме дома. Како да не игравме пред нашата публика која не бодри на секој натправар. Да бидам искрен, малку и ми е срам“, изјави Јотиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.