Јотиќ за 24Ракомет ТВ: Во Вардар доживеав емоции како никаде на друго место (ВИДЕО)
Ракометарот од Хрватска, кој ја продолжува кариерата во Лајпциг после вчерашното одигрување на последната средба во дресот на Вардар со жалење коментираше за заминувањето од Скопје. „Во овој клуб доживеав емоции кои не ги доживеав никаде на друго место и затоа ми е жал што не можев да играм пред полна сала. Жал ми е што пред дваесетина луѓе се простивме. Жал ми е што немаше навивачи, кои живеат за овој клуб“, изјави Јотиќ за 24 Ракомет ТВ. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.