Ја измеша одбраната на Вардар и погоди речиси од тежок агол (ВИДЕО)
На натпреварот меѓу Скопје 2020 и Вардар кој после долга борба заврши со победа на шампионот од 32:27, домашните имаа свои моменти и долго беа во предност. Еден од овие погодоци сигурно може да добие место меѓу најубавите погодоци во полусезоната така што дефинитивно заслужува свој простор. Левото крило на Скопје, Марио Мишевски успеа да ја измеша одбраната на Вардар и да си најде место за шут покрај репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски со што на десет минути до крајот донесе гол за израмнување на 26:26.