Јагањац за 24Ракомет ТВ: Има време до дуелите со Вардар, но сакаме да се пласираме на Ф4 (ВИДЕО)
Некогашниот член на Металург, Халил Јагањац, повторно се врати во Македонија и во дресот на Нексе играше против Еурофарм Пелистер во осминафиналето од регионалната СЕХА лига. Левиот бек ја пофали публиката во Битола и рече дека атмосферата била голем мотив и за нив. Ривал на Нексе во четвртфиналето ќе биде уште еден македонски тим, шампионот Вардар, а натпреварите ќе се играат на 7/8 март и 14/15 март.