„Ѕирнете“ зад кулисите во „Борис Трајковски“: Сè е подготвено за Европско првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Спортска сала „Борис Трајковски“

Уште еден ден не дели до натпреварите од група Ц на Европското првенство за жени 2022. Македонија е домаќин во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а пред стартот домаќинот мораше да ги исполни основните стандарди на ЕХФ кога е во прашање организација на мега-настани. Затоа спортската сала која беше изградена за Европското првенство за жени во 2008 доби нови светла во согласност со новите норми, а реновирани беа и соблекувалните кои сега се покомфорни. Малата сала е претворена во прес-центар, а нашминкани се и трибините во големата сала...