{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 39Со инклузивен спортски натпревар, помеѓу поранешни ракометарки на „Кометал Ѓорче Петров“ и на продавачите на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, беше одбележана јубилејната 10-та година од постоењето на истоимената Платформа за одржлив развој. Ова воедно е и одбележување на победата на „Кометал ЃП“ во 2002 година над унгарскиот „Херц Ференцварош“ во финале, освојувајќи ја престижната титула во Лигата на шампиони. На голот повторно застана капитенот Гордана Нацева, а тука беа Андријана Будимир, Елена Златановска, Индира Кастратовиќ, Анжела Платон, Мими Чупиќ, Наталија Тодоровска...а заигра и Наумче Мојсовски, некогашниот репрезентативец, а сега директор на Агенцијата за млади и Спорт. Еден од тимовите го водеше и екс тренерот на Вардар, Јан Питлик...