Ѓукиќ: Поразот од Целје е опомена пред дуелот со Нексе (ВИДЕО)

Екипата на Целје ќе игра во финалето на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако во последниот натпревар од групата Б триумфираше над бранителот на титулата Вардар, со резултат 36:28 (17:17). Членот на Вардар, Дарко Ѓукиќ како причина за поразот ја истакна слабата игра во вториот дел и смета дека екипата има доволно време да се подобри и да се воигра уште повеќе пред четвртфиналниот дуел со Нексе Нашице во рамки од СЕХА лигата.