Ѓорче Петров со лесна задача и убедливи плус 12 против Кузман

Во 22. коло од Женската лига, Ѓорче Петров имаше лесна задача против Кузман Вардар и забележа победа со убедливи 12 гола разлика, 25:13.

Домашниот состав уште од почетокот имаше контрола на резултатот и во ниту еден момент не дозволи да биде изненаден од страна на помладиот тим на Кузман.

Предноста од 11:7 на полувреме беше успешно сочувана и надоградена во вториот дел. Во натпревар каде победникот беше познат уште во раната фаза, тренерите на двете екипи шанса им дадоа на ракометарките со помала минутажа.

Прв стрелец во Ѓорче Петров беше Ангела Цветановска со седум гола, додека во Кузман Вардар, Анастасија Ѓорѓиева, Вања и Јована Ангеловска беа најефикасни со по три гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080