Ѓорговски распали од 13 метри и ја „скина“ мрежата на Металург (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа на дуелот против Металург со 39:23, а ова беше лесен натпревар со оглед на тоа што гостите беа десеткувани. Имаше интересни потези во текот на целата средба, а еден таков беше и погодокот на Емилијан Ѓорговски кој распали од далечина. Залетан добро скокна на повеќе од 12 метри, а Дупјачанец беше немоќен. Погодок кој вреди да се погледне повеќепати.