Што сакаше да направи: Место гол, по главата на противникот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Германија и Уругвај немаше натпреварувачки жар, дебитантите од Јужна Америка беа премногу имресионирани што се на едно големо првенство, а тоа го покажа и конечниот резултат 43-14. Уругвајците се обидуваа да не се посрамотат, а во брзање често и грешеа. Така кон крај на првото полувреме кога Германија имаше играч помалку и напаѓаше без голман, откако постигна гол, Уругвај се обиде брзо да возврати. За среќа Мендез не го изведе правилно ударот од центарот на теренот, па откако заврши во главата на противникот топката им припадна на Уругвајците кои го повторија нападот.