Еден од противниците на Медитеранските игри на Македонија ќе биде репрезентациајта на Шпанија која е во групата покраj Алжир, Турција и Грција.
Селекторот на Шпанците го одбра тимот со кој ќе настапи на игрите во Оран, очекувано главните ѕвезди не се на списокот но секако има многу квалитетни ракометари.
Шпанија ќе ја предводат играчи кои играат во многу квалитетни клубови низ Европа. Тука се Абел Сердио од Висла, Тарафета и Пецина од Екс, Иманол Гарсиандија од ПИК Сегед и Сначез Мигалон од Келце.
Медитеранските игри стартуваат од 26 јуни и ќе траат до 5 јули, а од групата првите четири селекции се пласираат во четвртфиналето.