Швеѓаните покажаа колку се силни – Кренаа автомобил, за да се паркира автобусот (ВИДЕО)
Репрезентативците на Шведска пристигнаа во Будимпешта каде што ќе ги играат завршните натпревари на Европското првенство откако првата и втората фаза на шампионатот ја имаа во Словачка. Дочекот во Унгарија не беше според очекувањата бидејќи мораа да покажат колку се силни уште при симнувањето од автобусот. За да може автобусот да биде паркиран и да бидат извадени работите пред сместувањето во хотелот репрезентативците мораа да се симнат и да го поместат автомобилот кој беше паркиран на погрешно место. Дефинитивно докажаа колку се сложни и зошто се во полуфиналето. Силни се!