Шанса што не треба да се испушти – само победа е во игра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Тренинг во Краков 16 јануари 2023

 

Еден меч ја дели Македонија до исполнување на целта, пласман во следната фаза од СП во ракомет. Двата порази од Норвешка и Холандија, треба да се заборават, и сите сили и атоми да се насочат кон Аргентина. Последниот тренинг во Краков е одработен. Сега останува да се исполни зацртаното. Тоа е шансата што не треба да се испушти. Само победа ни одговара да останеме меѓу оние што ќе разигруваат за висок пласман. Бистра глава, чисти мисли и само кон победа.