Шампионот фати залет, доби силен отпор од Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”122152″]

Ракометарите на Вардар влегуваат во завршниот дел од подготовките за натпреварот против Кил со кој ќе биде отворен вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Денеска вардарци славеа против тимот на Еурофарм Пелистер во пријателски натпревар со 32:28. Имаа 20 минути надигрување, а потоа направија предност која ја чуваа до крај. На полувреме Вардар водеше со 15:12.