Шампионот на Хрватска остана без тренер: Загреб и Вори се разделија

Тимот на ППД Загреб после три кола од Лигата на шампионите и пред стартот на новата сезона во СЕХА-лигата остана без својот тренер. Игор Вори повеќе не е на тренерската позиција откако дојде до разделба.

Според информациите објавени на клупскиот сајт после разговорите водени во текот на оваа недела, раководството и тренерот се договориле дека е неопходно да бидат направени проблеми. За да може екипата да се подготви адекватно за следните натпревари одлуката била дека треба да дојде нов тренер.

Засега нема информации кој би бил наследникот на Игор Вори. Како што е познато тој дојде на местото на Вујовиќ во јуни после паузата која беше предизвикана од пандемијата на Ковид 19. Тој седеше на клупата на пет официјални средби, а на СЕХА Ф4 турнирот во Задар неговиот тим заврши на последното 4. место.

Разделбата доаѓа пред дуелите со Барселона и Целје. Особено против шампионот на Словенија во Арената во Загреб се очекуваат првите бодови.