„Чкембари“ скандираа неколку минути – сакаме титула, сакаме титула (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер ја заврши овогодиншната европска авантура во осминафиналето на Лигата на Европа со два порази од Нексе. На реваншот одигран во салата Боро Чурлевски битолскиот тим имаше максимална поддршка од трибините но сепак не успеа да триумфира. После завршување на мечот и елиминацијата, навивачите им порачаа на ракометарите на Еурофарм Пелистер дека продолжуваат да ги поддржуваат и очекуваат титула во домашното првенство.