Четири белоруски репрезентативци стануваат „пензионери“

Претседателот на ракометната федерација на Белорусија за медиумите во земјата говореше за плановите на репрезентативците кои настапуваат во домашните ривали СКА Минск и Мешков Брест.

Според зборовите на Владимир Коноплев – Иван Бровко, Денис Рутенка, Дмитри Никуленков и Сергеј Шилович се многу блиску до завршување на своите играчки кариери.

„Мислам дека Бровко и Рутенка ќе ги завршат своите кариери во СКА Минск. Никуленков ќе биде тренер, а и самиот Шилович сè уште ништо не знае што ќе прави. Многу зависи од неговата физичка подготвеност и расположение. Секако би сакал Сергеј да игра уште една сезона, тој навистина му е потребен на националниот тим“, рече Коноплев.

Репрезентациајта на Белорусија имаше солиден настап на последното Европско првенство кое се одржа во Австрија, Норвешка и Шведска и го освои десетото место со по три победи и порази и еден нерешен дуел.