Чаневски е мајстор за пенали – одбрани два за 30 секунди (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го играат првиот натпервар во СЕХА лигата против српскиот претставник Металопластика. Битолскиот тим има многу проблеми да се справи со екипата од Шабац и по првиот дел има негатива од 12:14. Најефикасни во нападот се Мандалиниќ и Кушан со по три гола. Исто така добро издание има и голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски кој имаше шест интервенции од кои две беа од седум метри едноподруго. Во следното видео може да ги погледнете...