Црна Гора не врати на почетоците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ги загуби шансите за пласман во втората фаза на Европското ракометно првенство 2022. По поразот од Словенија, во вториот дуел Црна Гора беше подобра од нашата селекција и ни ја затвори вратата за следниот круг од натпреварувањето. Со овој пораз извесно е дека нашите репрезентативци ќе завршат последни во групата, а тоа значи загубена позиција во квалификациите за светските првенства и играње претквалификации за пласман на некој нареден мундијал.