Цела сала занеме – се судри со колешка од тимот, заработи потрес на мозокот и фрактури на лицето! (ВИДЕО)
Уште впо втората минута од куп дуелот меѓу Дебрецин и Ѓер, се случи тешка повреда на членката на Дебрецин, десното крило Мариана Коста. Бразилската репрезентативка при еден обид да се врати во одбрана и да се пресече контра се судри со својата колешка од тимот, голманката Катрин Габриел. Цела сала занеме од непријатниот пад на Коста, која веднаш беше изнесена на носилки и префрлена во болница. Според првичните извештаи на унгарските медиуми, освен потрес на мозокот, Коста има и скршеници на лицето, односно на јаболчната коска. Фото: m4sport.hu