Храбриот Мишевски во финишот „удри“ по Швајцарците (ВИДЕО)

Македонија славеше над Швајцарија со 25-23 во второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Во вториот дел шанса од селекторот Данило Брестовац доби Марко Мишевски, кој во финишот го постигна се чини клучниот погодок. При 20-22 и не толку активен напад, средниот бек на Вардар од девет метри стрелаше во голот на Портнер за плус три и полесна завршница. Погледнете го деби голот на Мишевски за сениорската репрезентација....