{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 13Екипата на Металург во полуфиналето од Купот на Македонија во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци го елиминираше бранителот на титулата, Куманово, со резултат 21:25. Металург за финале се избори со подобрата игра во последните петнаесетина минути од натпреварот, кога со серија од 9:1 направи комплетен пресврт, вреден за победа и финале по осум години. Прв стрелец во победничката екипа беше Ива Младеновска со 10 погодоци. Во поразениот табор најефикасни беа Јована Кипријановска со девет и Наташа Нолевска со шест погодоци. Ривал на Металург во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Ѓорче Петров и Чаир.