ЕП 2022: Хероите од морето ослабени, но мотивирани за голем резултат

Португалија имаше извонреден перформанс пред две години откако после 14 години пауза се врати на европските првенства. „Хероите од морето“ на минатото Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка завршија на 6. позиција, а на патот на овој успех одработија и еден одличен натпревар на кој го совладаа составот на Шведска со 35:25 и ја оставија без место во последниот викенд.

На ова првенство селекцијата има одредени промени. Недостигаат еден дел од ракометарите кои имаат повреда. Сепак, и во ваков состав кога не се комплетни тие најавуваат убав турнир со оглед на тоа што напредуваа многу, а пред две години успеаја и да го зголемат бројот на победи кои ги имаа претходно на европските првенства.

Пред една година на Мундијалот во Египет, Португалија финишираше на 10. место, а потоа обезбеди и место на Олимписките игри на кои минатото лето во Токио дојде до 9. позиција.

На овој шампионат во тимот на Португалија ќе недостигаат Луис Фраде , Педро Портела и Андре гомеш. Тие се повредени, а без нив играта ќе се смени многу. Фраде ќе недостига многу и во одбраната, ддека Портела е играч кој има над 300 погодоци во националниот тим. Сепак, на почетокот на годинава се вратија Капдевил и Мартинс кои имаа позитивни тестови на коронавирусот, па тие ќе можат да играат.

Ќе биде голем предизвик за Португалија во група со Унгарија, Холандија и Исланд. Групата е тешка, но во неа секој може да победи против секого што е најава за интересни натпревари.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – РУИ СИЛВА

Централниот бек минатата година во март постигна еден од најважните голови во историјата на ракометот на Португалија откако реализираше за победа од 29:28 против Франција за пласман на Олимписките игри.  Тој не е најдобриот стрелец на Португалија, но е командант на теренот и секогаш се труди да отвори простор низ противничката одбрана за своите соиграчи. Се наоѓа во одлична форма и игра добро и на клупско ниво. Соиграч е на Митревски во порто, а досега има постигнато 28 гола во Лигата на шампионите.

ИНТЕРЕСНО

На досегашните шест учества на европските првенства има само осум победи што е просек од 1,33 по првенство. Ја кренаа својата игра на последното првенство, а се наоѓаат на само две победи од границата од десет триумфи.

Во составот на Португалија меѓу 20-те кои селекторот Переира ги планира на првенството во Унгарија и Словачка има шест ракометари кои играат во странство. Четворица настапуваат во Франција, еден во Унгарија, а еден во Кувајт.

УЧЕСТВА НА ЕП

Ова ќе биде седмо учество на Португалија на европските првентства.

Најдобриот резултат го оствари на шампионатот во 2020 година кога го освои 6. место.

РАСПОРЕД НА ЕП – ГРУПА Б

14 ЈАНУАРИ – 20:30ч

ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД

16 ЈАНУАРИ – 18:00ч

ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА

18 ЈАНУАРИ – 20:30ч

ХОЛАНДИЈА – ПОРТУГАЛИЈА