Селекцијата на Црна Гора го игра првиот натпревар од главната рунда на Европското првенство во Македонија.
Ривал на избраничките на Бојана Поповиќ е Франција, која исто како Црна Гора имаше три победи во првата рунда.
Црногорките имаат голема поддршка во СЦ „Борис Трајковски“, од неколку стотици свои навивачи, а и македонските љубители на ракометот навиваат за нив.
Огромно знаме на Црна Гора беше дел од кореографијата на навивачите, кои допатуваа во Скопје да ги бодрат своите миленички.