Финалето во Купот застана на “црвено-црно” (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Финале на Куп 2023: Вардар – Еурофарм Пелистер

Вардар го одбрани Куп трофејот на Македонија со победа над Еурофарм Пелистер од 26-25. Во Охрид "црвено-црните" победија во драматичен финиш и го прославија првиот трофеј сезонава. Слично како и на Суперкупот натпреварот беше неизвесен, а победата минимална, а ако во септември се радуваа "зелено-белите", сега радоста има поинакви бои. На Еурофарм Пелистер му преостанува во наредните две кола да го потврди шампионскиот трофеј во националното првенство.