Според информациите на 24Ракомет, еден од поистакнатите француски тренери, Фредерик Бужан, во следната сезона ќе го предводи амбициозниот тим на АЕК Атина.
Искусниот стратег во последните две сезони беше тренер на франускиот второлигаш Шербур. По истекувањето на двегодишниот договор, двете страни одлучија да не ја продолжат соработката.
Бужан од 2016 до 2018 година беше предводник на руски Ростов Дон. Со рускиот тим во сезона 2017/18 успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Беше тренер на повеќе женски суперлигаши од Франција – Нант, Флери Луар, АВР..
Со репрезентацијата на Сенегал обезбеди пласман на Светското првенство во 2019 година, но не успеа со своите избранички да оствари добар резултат на Мундијалот во Јапонија.
АЕК Атина за следната сезона планира квалитетен тим за високи дострели на европска сцена и враќање на домашната титула во свои раце.
Клубот за новата сезона ги ангажираше и левиот бек Стипе Мандалиниќ, голманот Иван Мацкевич, пивотот Лукаш Рогулски, десниот бек Никола Јукиќ и најновото засилување, Максимилијан Тике, кој во грчкиот тим ќе пристигне од клубот на Фредерик Бужан.