Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!
Во ракометот бековите ја прават играта, постигнуваат често и атрактивни голови. Сезонава бековската линија на Еурофарм Пелистер е разновидна, и засилена со „бомбардерот“ Урош Борзаш. Србин кој ги мина сите младински селекции на Веспрем, играше и за младите селекции на таа земја, а како сениор сега игра за Србија. Имаше двегодишен договор со Елверум, но поради Битола реши да го прекине. Следната сезона треба да тресе мрежи во Македонија, и најави дека иако сите ги сметаат за аутсајдери, тие знаат колку вредат и не се тоа. А во Битола на сите екипи ќе им биде тешко. Во интервјуто за 24Ракомет, Борзаш открива какви се тренинзите со Еурофарм Пелистер, за скандинавскиот ракомет, може ли да се одбрани титулата и кои се конкурентите....