Узбекистан е штиклиран, кадетките меѓу 16 најдобри во светот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Узбекистан (СП кадетки)

Женската кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Мундијалот на кој сме домаќини, откако славеше над Узбекистан со 39-30. Со овој триумф, нашите ракометарки обезбедија место во главната рунда на СП, односно се пласираа меѓу 16 најдобри селекции во светот. Бојана Коцева стрелаше девет пати, Емилијана Ризоска даде осум гола за Македонија, додека Марија Јанкуловска постигна шест погодоци. Кај ривалот, Сапарбаева и Еркабаева дадоа по десет гола. Последниот натпревар против Иран, Македонија ќе одигра на големиот празник Илинден во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.