Трилер покрај езерото – погледнете ги последните две минути од двобојот Струга – Прилеп (ВИДЕО)
Ракометарите на Струга во рамките од 18. коло од Супер лигата беа подобри од Прилеп со еден гол разлика, 22:21. Натпреварот донесе многу возбудувања, главно во последните десет минути кога двете екипи влегоа со подеднакви шанси за освојување на бодовите. По нерешениот резултат од 21:21, двете екипи имаа шанси да погодат, не но го сторија тоа во два наврати. Во последниот напад на стружани беше изнуден пенал, а Јанкуловски со гол донесе водство за својата екипа од 22:21. Прилеп во последните десет секунди не успеа да постигне гол, па радоста на домашните можеше да започне...