Трајкоски како октопод, ги излуде ракометарите на Вардар (ВИДЕО)

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Благојче Трајкоски и понатаму брани во одлична форма, а со неговите одбрани тимот вчера дојде до голем триумф против Вардар. Тој имаше неколку одлични интервенции, а еден момент останува особено забележан. Двојната одбрана кога прво го запре Моралес, а потоа го запре и Тото. Дефинитивно заслужува да се погледне повеќепати.