Трајкоски за 24 Ракомет ТВ: И за мене и за вториот тим беше подобро да се преселам во Еурофарм Пелистер 2 (ВИДЕО)
Голманот кој во последните неколку сезони беше дел од првиот тим на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајкоски во новата сезона ќе игра за втората екипа. Тој направи трансфер во Еурофарм Пелистер 2 во текот на летото и ќе го носи дресот на овој состав кој во последната сезона играше во плеј-офот. За причините поради кои се одлучи да остане во Битола и да се пресели во втората екипа, како и за она што може да се очекува во новата сезона, но и за амбициите Благојче Трајкоски зборуваше пред камерата на 24 Ракомет ТВ. Погледнете го интервјуто со Трајкоски.