Трајкоски е мајстор за зицери – три пати ги запре Данците (ВИДЕО)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во овие моменти го играат првиот натпревар од Лигата на Европа против данскиот ГОГ Гудме. Покрај левиот бек Стипе Мандалиниќ, еден од најдобрите поединци во битолскиот тим е голманот Благојче Трајкоски, кој влезе во втората половина на првото полувреме и собра шест одбрани, од кои три беа од чисти ситуации, а меѓу нив беше и двојната интервенција по пеналот на ГОГ. Погледнете...