ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Олимпијакос донесе голман, Живковиќ се сели во Словачка, Пења замина од европскиот првак

  • Десното крило Немања Живковиќ по една сезона замина од грчкиот првак АЕК Атина и ќе има нов предизвик во кариерата. Српскиот интернационалец потпиша за словачкиот шампион Повашка Бистрица.
  • Легендарната шпанска ракометарка Нереа Пења по две сезони заминува од норвешкиот и европски првак Вајперс Кристијансанд. Таа имаше многу проблеми со повреди и не успеа да ги покаже своите квалитети во Норвешка.
  • Грчкиот голман Панос Папантонополус по две сезони во шпанскиот Адемар Леон се врати во татковината. Тој потпиша договор со вицепрвакот Олимпијакос и ќе биде замена за австрискиот ветеран Томас Бауер.
  • Шпанскиот Ла Риоха се засили со левиот бек Тијаго Алвеш во пресрет на новата сезона. Бразилскиот репрезентативец досега настапуваше во францускиот шампионат, во тимот на Кретеј.
  • 29-годишната украинска репрезентативка Ирина Стелмах иако потпиша за Корона Брашов ова лето, сепак објави дека ќе паузира од ракометот на неодредено време и договорот со романскиот тим не е валиден.