Тоскиќ: Задоволен сум од нашата игра на Струшкиот турнир, но секогаш може подобро (ВИДЕО)

 

Екипата на Еурофарм Пелистер го освои првото место на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако по изведување на седмери (7-6) го победи Целје.Поради големата кондензација на теренот имаше лизгање, па организаторот и двата тима решија по неколку минути играње истиот да биде прекинат и пеналите да го решат победникот. Тренерот на Целје, Алем Тоскиќ истакна дека морало да дојде до оваа решение, со цел играчите да се заштитат од можни повреди. Тоскиќ е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници на Струшкиот турнир и имаше пофални зборови за организацијата на турнирот. Целосната изјава на Тоскиќ погледнете ја во видео прилогот...