Томовски, Костески и Хосни во идеалниот тим на СЕХА за февруари (ВИДЕО)
По одиграни три кола, медиа тимот на СЕХА лигата го презентираше идеалниот тим за месец февруари, во кој се најдоа еден ракометар на Вардар и двајца на Еурофарм Пелистер. Станува збор за голманот Мартин Томовски кој на трите средби со Татран Прешов и Партизан одбрани 34 шута на ривалите. Ненад Костески даде 11 гола против Нексе и Војводина, додека Хосни беше стрелец на пет гола на двата меча. Покрај тројката од македонските клубови во идеалниот тим се уште левото крило од Војводина - Милош Грозданиќ, левиот бек на Татран - Оливер Рабек, средниот бек на Нексе - Јанко Кевиќ и пивотот на Војводина, Лука Роган.