Стружани ги покажаа новите ракометни таленти (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Струга – Динамо Панчево: Струга2023

 

Домаќинот на турнирот „Струга 2023“ го освои шестото место на 51. издание на меѓународниот турнир, но истовремено ги покажаа младите ракометари кои сезонава ќе добијат шанса да играат и за сениорскиот тим. Струга беше поразена од Динамо Панчево со 26-31 иако во текот на мечот и двете екипи имаа свои „пет минути“. Водеше Струга со 20-18, а потоа неискуството го направи своето, па серијата грешки што ги направија им овозможи на гостите да израмнат а потоа да поведат со 26-22. Тоа беше период во кој се реши победникот.