Ракометарите на Вардар имаат три гола негатива по првото полувреме на натпреварот против Келце од осмото коло во Лигата на шампионите.
Триото Скубе, Дибиров и Стоилов го одржуваат европскиот шампион на пристојна негатива, иако домашните имаа и плус пет.
Еден од погодоците вредни за одбележување е последниот на вардарци во првиот дел, кога капитенот Стоилов подели фантастична асистенција до Дибиров, а Русинот го совлада Вулф.