QF2 - Iceland vs Portugal, 2023 IHF MEN’S JUNIOR (U21) WORLD CHAMPIONSHIP, Berlin, Germany, 29.06.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Србија остана без медал на СП – Исланд ја „грабна“ бронзата

Репрезентацијата на Исланд го освои бронзениот медал на Светското младинско првенство 2023, откако во дуелот за трето место ја совлада Србија со 27:23 (13:13).

Исланд со победата за трето место го прекина 30-годишниот пост без медал во младинска конкуренција.

Островската земја последниот медал го освои во далечната 1993 година на Светското младинско првенство во Египет кога ја совлада Русија и заврши како третопласирана.

Најефикасен во победничката репрезентација беше Лео Торстеин со осум погодоци, додека кај Србија се истакнаа Борис Станисављевиќ и Милош Кос со шест, однос пет погодоци.

Данска заврши во ТОП 5 на СП, голманот Локвист имаше 59% на одбранети удари!