Спречен инцидент во Магдебург – славјето можеше да се претвори во голема тепачка (ВИДЕО)
Бранителот на титулата во Лигата на Европа, Магдебург, низ иглени уши мина во четвртфналето, откако само за гол беше подобар од Спортинг Лисабон, 36-35 по ремито во првиот меч, 29-29. Португалскиот тим до крај беше во игра и пропушти голема шанса, а нервите попуштија по последниот судиски свиреж. Домаќините почнаа да ја слават победата, но веднаш се стрчаа кон записничката маса. Таму гостинскиот тренер се обиде да се поздрави со домашните, беше одбиен, па настана мешаница, се приклучија стручните штабови и сите ракометари од двете екипи. Сепак обезбедувањето беше тука, па не дозволи поголема тепачка. Погледнете...