Соколиќ им дава предност на Словенците: Во финалето типувам на Целје (ВИДЕО)

Ракометарите на АЕК Атина по вчерашниот пораз од Еурофарм Пелистер, денес со почеток од 17:00 часот во спортската сала „Нико Нестор“ против Алкалоид ќе се борат за петтото место на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир. Еден од новите играчи во грчкиот вицепрвак, средниот бек Лука Соколиќ истакна дека битолскиот тим бил помотивиран за да дојде до триумф, а натпреварите на Струшкиот турнир за неговата екипа ќе бидат добра подготовка пред стартот на новата сезона, во која ќе атакуваат на освојување на двете титули во домашниот шампионат. Искусниот ракометар за вечерашното финале меѓу Еурофарм Пелистер и Целје, типува дека словенечкиот првак ќе дојде до трофејот. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на Лука Соколиќ.