Екипата на Скјерн, која во минатата сезона заврши веднаш зад ГОГ, Алборг и Бјерингбро Силкеборг, односно ја освои 4. позиција во данскиот шампионат, за следната сезона планира тим, кој ќе може доволно да им парира на трите споменати екипи.
За таа цел, раководството на клубот го ангажираше репрезентативецот на Исланд, Свејн Јохансон. 23 годишниот ракометар со Скјерн потпиша едногодишен договор. Иако беше пред трансфер во Ерланген, сепак, Јохансон реши да остане во Данска.
Репрезентативецот на Исланд од 2019 година настапува во данскиот шампионат и во Скјерн ќе пристигне од редовите на Сондерјиске. Јохансон игра на позиција пикер и за место во новиот клуб ќе се бори со Сењамин Буриќ и Емил Бергхолт.
Претходно Скјерн го ангажираше репрезентативецот на Норвешка, левиот бек Симон Петерсен од Елверум, а до стартот на новата сезона се очекуваат да пристигнат уште неколку засилувања, главно од скандинавските земји.