Ракометарот кој остави длабока трага со игрите во Вардар и беше еден од креаторите на втората титула на „црвено-црните“ во 2019 година, Сташ Скубе беше презадоволен од пречекот кој го доби од фановите. Играше и лани во „Јане Сандански“, но тогаш немаше публика на трибините, па не можеше да добие овации како денеска. „Ми беше драго. Толку колку што јас го сакам Скопје и Скопје ме сака мене. Многу ми е драго поради тоа. Се виде дека навивачите се сеќаваат на сето она што заедно го направивме. Среќен сум поради тоа, а среќен сум и бидејќи публиката се врати на трибините“, изјави Скубе за 24 Ракомет ТВ. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.