СКАНДАЛ на СП: Претседателот на ИХФ се посрамоти пред милиони гледачи! (ВИДЕО)
Големиот пресврт на Норвешка против Франција и светската титула не е во центарот на вниманието на европската и светска ракометна јавност. Сериозен скандал се случи на затворањето на Мундијалот во Шпанија и прогласувањето на победниците. Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, откако ги прогласи Норвежанките за први, реши Данска да ја прогласи за сребрена на што доби свирежи од трибините. Тоа не го поколеба, па ја смести Франција како трета на СП. Иако од организацијата се обидоа да му дофрлат дека направи голема грешка, тој си продолжи со говорот. Не ни сфати дека направи грешка, ниту пак потоа се извини до сите...Погледнете...