Сите зборуваат за овој фер-плеј потег на Дувњак – ретко кој би го направил во клучен момент (ВИДЕО)
Хрватска одигра само реми 25-25 со Холандија и остана на второто место во квалификациската група за ЕП. Сепак сите зборуваат за фер-плеј потегот на Домагој Дувњак, кој го направи во моментите кога се кршеше резултатот. Беше 25-24 за Холандија, Хрватска беше во напад, а Шоенакер го запре Дувњак со прекршок. Судиите веднаш му покажаа две минути исклучување поради удар со лакт во главата. Тука веднаш интервенираше Дувњак. Тој иако лежеше на паркетот, веднаш одмавна со раката и им сигнализираше на судиите дека не добил удар во главата. Ретко кој спортист би реагирал така во слична ситуација. Хрватска губеше, а играч повеќе во клучни моменти ќе им дојдеше одлично, но Дувњак уште еднаш ја покажа својата класа и доби овации за фер-плеј потегот. Погледнете...