Симјановски: Имаме многу играчи, ќе ни треба повеќе време за да се воиграме (ВИДЕО)

 

На натпреварот за 7. позиција на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир меѓу Бутел и Струга, фаворит беше составот на Кристијан Грчевски, но Струга покажа дека сезонава ќе биде незгоден ривал за сите, и заслужено со победа од 26:24 (15:10), домашните ракометари се радуваа на првиот триумф на Струшкиот турнир оваа година. Екипата на Бутел претрпе поголеми промени во однос на минатата сезона, а шанса својот квалитет да го покаже на Струшкиот турнир имаше младиот голман Наум Симјановски, кој собра драгоцено искуство на еден од најквалитетните турнири во Европа. Симјановски истакна дека натпреварите на Струшкиот турнир се добра подготовка пред стартот на новата сезона, бидејќи во составот на Бутел има доста нови играчи. Целосната изјава на Симјановски погледнете ја во видео прилогот...