Се сеќавате ли на „химната“: Со која песна се славеа победите и титулата на Кометал Ѓорче Петров (ВИДЕО)

 

 

 

Денот кога Македонија го запиша своето име на ракометната карта на Европа меѓу шампионите останува вечно да се памети, а 19 мај засекогаш останува врежан во сеќавањата на сите ракометни вљубеници. Кометал Ѓорче Петров успеа да се искачи на тронот во Лигата на шампионите и да го надомести она што беше пропуштено две години претходно. Во финалето против Херц Ференцварош беше обезбедена победа на реваншот од 26:22 во СРЦ „Кале“ и со тоа беше надоместена негативата од првиот натпревар (25:27). Оваа победа одекна силно во Европа, а Кометал Ѓорче Петров остана запишан како шампион. Сите триумфи се славеа долго во Скопје и Македонија, а покрај „Како је добро видети те опет“, клубот имаше и своја „химна“ која се викаше „Кометал шампионе“. Песната има нов спот во чест на полнолетството од титулата. Добро е за потсетување и навраќање на спомените и едно убаво време.